Посетете ја новата веб страна на МИА
Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Осветен светиот крст пред параклисот ,,Св.Петар и Павле” во делчевското село Стамер

Во делчевското село Стамер осветен е новопоставениот црковен свет крст пред параклисот  „Св.Петар и Павле". Со чинот на осветување чиноначалствуваше неговото високо преосвештенство Митрополит Брегалнички, г-дин Иларион, кој ги благослови ктиторите и помагатели во изградбата и поставувањето на светиот крст.

Делчево, 4 декември 2022 (МИА) – Во делчевското село Стамер осветен е новопоставениот црковен свет крст пред параклисот  „Св.Петар и Павле”. Со чинот на осветување чиноначалствуваше неговото високо преосвештенство Митрополит Брегалнички, г-дин Иларион, кој ги благослови ктиторите и помагатели во изградбата и поставувањето на светиот крст.

– Денеска на овој прекрасен празник уште една радост на ова убаво место. Најпрво во село Стамер се изгради црква посветена на светиот пророк Еремија, потоа се направи параклисот посветен на светите апостоли Петар и Павле на самиот влез од овој пат, а сега денеска го осветивме крстот како симбол за победа над секакво зло, крстот со кој сите ние се осветуваме и ги победуваме сите искушенија, неволји и напасти, рече Владиката Иларион.

Претходно по повод празникот ,,Воведение на Пресвета Богородица”, Владиката отслужи црковна литургија во храмот Успение на Пресвета Богородица во Делчево.

– Нека е честит и вечен празникот кој го празнуваме „Воведение на Пресвета Богородица”, кон нејзината закрила, заштита и милост нека не воведе сите во вечниот живот да ни го покаже патот на вечност, нека  испроси од нејзиниот син мир и благосостојба на земјата, здравје, телесно нека ги блогословува и осветува сите луѓе, додаде Митрополитот Брегалнички. вс/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close