
Велес, 26 јануари 2022 (МИА) – Општинскит Црвен крст Велес распиша конкурс за обука на неговател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Услов е да имаат наполнето 18 години и да се мотивирани да работат со овие лица.
Лицата ќе се пријавуваат на меил или телефински, а на интервју ќе бидат избрани 15 лица кои бесплатната обука ќе ја посетуваат од 31 јануари до 4 февруари.
-Проектот е поддржан од Австриското Mинистерство за социјална работа, здравство, грижа и заштита на потрошувачите и Австрискиот Црвен крст, врз основа на верификувана посебна програма за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, во рамки на проектот „Ублажување на ефектите и последиците од КОВИД-19 врз најранливите во општеството со посебен фокус на постарите луѓе, информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови – да се државјани на Р.С. Македонија, да имаат 18 години, да имаат општа психо-физичка способност за работа, да имаат минимум основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост, да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови.
Обуката негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е бесплатна. Како што информираат од Општинскиот Црвен крст Велес, заинтересираните кандидати од18 години па нагоре можат да се пријават на е-маилот „veles@redcross.org.mk“ или на телефонските броеви: 043/231-537,071/274-223 и 076/368-066.ад/бт/