Дописници МКДОпштество

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово го одбележа 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Со положување на цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Тетово, тетовскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври.

Тетово, 23 октомври 2021 (МИА) – Со положување на цвеќе пред Споменикот на револуцијата во Тетово, тетовскиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Тетово, Ангел Карапетров, го честиташе Денот на македонската револуционерна борба и истакна дека и денес, после 128 години со нескриена восхит се сеќаваме на младите, храбри и одважни луѓе Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, кои, како што кажа, го поставија темелникот на сите слободарски борби на македонскиот народ.

– Слободарските идеали, храброста и пожртвуваноста, патриотизмот и херојството на македонскиот народ, преку Илинден од 1903, 11 Октомври од 1941, Илинден од 1944 и 8 Септември 1991, ќе бидат целосни, со прогласувањето на независноста и самостојноста на Република Македонија. Денес кога ги славиме херојствата на нашите претци, нашата генерација има обврска да продолжи по нивниот пат и да ја чува слободна, суверена и независна нашата татковина, истакна Карапетров.

Тој дополни дека делата на нашите претци се нашиот културен код, идентитет и самосвест и сигурен патоказ за нашата иднина, истакна тој. ас/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close