Дописници МКДОпштински вести

Општинската зграда во Струмица осветлена во портокалово по повод кампањата против родово базирано насилство

Зградата на Општина Струмица синоќа беше осветлена со портокалови филтри во рамки на кампањата „16 денови активизам против родово базирано насилство“.

Струмица, 30 ноември 2021 (МИА) – Зградата на Општина Струмица синоќа беше осветлена со портокалови филтри во рамки на кампањата „16 денови активизам против родово базирано насилство“.

Градоначалникот Костадин Костадинов истакна дека Струмица меѓу првите општини во државата се вклучи во имплементација на Законот за еднакви можности на мажите и жените усвоен во 2006 година.

-Сега и секогаш ќе бидам против сите видови насилство и ја давам мојата поддршка на сите активности со кои се подига јавната свест за спротивставување на насилството и ќе иницирам максимално почитување на човековите права, рече Костадинов.

Инаку, Струмица е прва општина која финансиски го поддржува Шелтер центарот за згрижување на жени и деца жртви на семејно насилство. рт/рп/

Back to top button
Close
Close