Општински вестиСкопје

Општина Ѓорче Петров одбележува 25 години самостојна локална самоуправа

Општина Ѓорче Петров денеска одбележа 25 години самостојна локална самоуправа. На денешен ден пред 76 години со Одлуката на Владата на Народна Република Македонија во 1945 година тогашното Ханриево е преименувано во Ѓорче Петров. Педесет и две години подоцна Ѓорче Петров станува и посебна локална самоуправа.

Скопје, 20 септ6ември 2021 (МИА) – Општина Ѓорче Петров денеска одбележа 25 години самостојна локална самоуправа. На денешен ден пред 76 години со Одлуката на Владата на Народна Република Македонија во 1945 година тогашното Ханриево е преименувано во Ѓорче Петров. Педесет и две години подоцна Ѓорче Петров станува и посебна локална самоуправа.

Во реонскиот парк, пред споменикот на револуционерот Ѓорче Петров се одржа свечената церемонија, а се оддржа и свечената седница на актуелниот Совет на ОЃП, со која се заокружува мандатот на 23-те советници.

Годишната награда „Ѓорче Петров 2021“ му е доделена на проф. д-р Васил Дрвошанов, истакнат македонски публицист, лингвист, критичар и поет.

Постхумно плакета за заслуги им е доделена на семејствата на Иванчо Митревски-Мајсторот, еден од најеминентините писатели за деца и на Марио Шулајковски, истакнат просветен работник во ООУ ,,Тихомир Милошевски“.

Плакета и признание за демонстрираната храброст при гаснењето на пожари е доделена на Територијалната противпожарна единица -потцентар Ѓорче Петров и на сите нејзини вработени.

Плакета за првенец на генерација за Матеа Митревска.

Благодарници, пофалници и признанија им се доделени и на најдобрите ученици, истакнати просветни работници, медали за најдобите во традиционалниот крос, вработени во општината и пензионирани, аоопшри прес-службата на Ѓорче Петров.са/

Back to top button
Close
Close