Дописници МКДОпштински вести

Општина Тетово: По барање на граѓаните се уредува блок 37 зад старата пожарна

Општина Тетово по барање на станари ќе го уредува блок 37 или место викано позади Страи пожарна и ќе има затворен паркинг. Ова е одговорот на општината на новинарските прашања по прозивките на граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ зошто таму се сечат дрвја и се уништува мал зелен појас.

Тетово, 27 септември 2022 (МИА) – Општина Тетово по барање на станари ќе го уредува блок 37 или место викано позади Страи пожарна и ќе има затворен паркинг. Ова е одговорот на општината на новинарските прашања по прозивките на граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ зошто таму се сечат дрвја и се уништува мал зелен појас. Иако објаснуваат што ќе се прави во одговорот не се содржи зошто се сечат и дрвјата.

Според информацијата 100 станари уште во 2017 и во февруари 2022 година се потпишале на барање за поправка на целата улица – поплочување на истата со бетонски плочки, поставување на улични светла и уредување на паркингот според предвидениот ДУП за блок 37 на град Тетово.

 Секторот за комунални дејности и заштита на животна средина и природа на ден 05.04.2022 година дал известување на граѓаните дека  согласно  годишна програма за реализација на затворените паркинзи во Тетово, урбан блок 37 е предвидено да се реализира во период април-јули, со тоа што ќе се постават нови бекатон плочки, хоризонтално обележување и ќе се постави осветлувањето и рампа за влез и излез во паркингот. На ден 26.07.2022 е дадено налог за работа за градежни работи на ул. Д.Г.Кара – урбан блок 37, се вели во информацијата на Општина Тетово.

Целата работа е во координација со граѓаните што живеат на истата улица и се одвива без никакви проблеми, уверуваат од општината.

Секторот за комунални дејности и заштита на животна средина и природа според планот за реализација на јавните паркиралишта за 2022 година на тоа место планирал реализирање на 100  затворени паркинзи. Според ДУП за блок 37 изготвен е основен сообраќаен проект за паркинг простор КП 2158/1 КО Тетово 1 Општина Тетово за воведување на зонско паркирање со тех.бр 18/22, се вели во дописот на Општината.ас/

Таг
Back to top button
Close
Close