Дописници МКДОпштински вести

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање за надоместок во градинка за самохрани родители

Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање надоместок за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“.

Струмица, 14 февруари 2022 (МИА) – Општина Струмица објави јавен повик за ослободување од плаќање надоместок за престој на деца на самохрани родители во ЈОУДГ „Детска радост“.

Според повикот, правото на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица и кои живеат на територија на Општина Струмица. Самохрани родители кои влегуваат во оваа категорија и имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца од одобрување на пријавите до крајот на годината се доколку еден од родителите е починат, не е непознат или е дете од разведен брак.

Со јавниот повик се предвидени финансиски средства во износ од 3.576.000,00 денари од буџетот на Општината за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители.

Изборот ќе се врши од страна на комисија формирана од градоначалникот по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Јавниот повик трае до 18-ти, овој месец. рт/вг/

Таг
Back to top button
Close
Close