Дописници МКДОпштински вести

Општина Радовиш го асфалтираше пристапниот пат кон новиот дел на градските гробиштата

Општина Радовиш го асфалтираше пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата, а со зафатот е обезбеден и паркинг простор надвор од гробиштата.

Радовиш, 29 ноември 2021 (МИА) – Општина Радовиш го асфалтираше пристапниот пат кон новиот проширен дел на градските гробиштата, а со зафатот е обезбеден и паркинг простор надвор од гробиштата.

Според градоначалникот Ацо Ристов, овој долгогодишен проблем, иако не е до крај решен, сепак со зафатот граѓаните добиваат можност на културен и достоинствен начин да се простуваат од блиските.

-Се надевам дека овој проект, кој не е доминатнен, сепак ги решава секојдевните проблеми на граѓаните, рече градоначалникот Ристов.

Додаде дека Општината ќе продолжи со вакви проекти секаде каде што имаат потреба граѓаните, а локалната самоуправа ќе интервенира. рт/см/

Back to top button
Close
Close