Дописници МКДОпштински вести

Општина Маврово Ростуше ја поздрави одлуката на Владата училиштата да се префрлат на регулиран пазар на струја и упати апел за штедење

Општина Маврово Ростуше, како локална самоуправа, ја поздрави одлуката на Владата, основните и средни училишта да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија.

Дебар, 4 септември 2022 (МИА) – Општина Маврово Ростуше, како локална самоуправа, ја поздрави одлуката на Владата, основните и средни училишта да бидат префрлени на регулираниот пазар на електрична енергија.

– Сметаме дека ова е драгоцена помош во време на глобална криза, која значи намалени сметки за електрична енергија и намалени трошоци за нашата општина, каде делуваат четири основни и едно средно училиште, оценуваат од општината.

Додаваат дека со оваа и со слични мерки се овозможува непречено одвивање на образовниот процес во зимски период со физички присуство.

-Исклучително важно за нашите деца е што учебната година ќе се одвива нормално и непречено, со физичко присуство. Тоа беше наш приоритет, и во интерес и на наставниците и на учениците и нивните родители, наведуваат од општината.

Според одлуката на Владата, нагласуваат,  далеку поевтина електрична енергија ќе плаќаат и здравствените установи, што значи дека здравствениот  дом и амбулантите во општината ќе продолжат да работат непречено.

-За струјата да ја има постојано, оваа зима мораме да штедиме. Ние како општина веќе имаме преземено мерки за заштеда на електрична енергија и во оваа насока ќе одржиме и средби со месните заедници за заеднички да најдеме начин како побезболно да заштедиме електрична енергија, посочуваат од општината.

Упатуваат повик  и до деловните субјекти, но и домаќинствата исто така рационално да ја користат електричната енергија со што ќе добијат пониски сметки за струја. вт/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close