Дописници МКДОпштински вести

Општина Куманово да обезбеди анализа колку средства се предвидени за ЈП, а колку ќе се трошат поради енергетската криза, побара Советот

Мнозинството советници во Куманово денеска побараа детална анализа колку пари се предидени за трошоци за гас и електрична енергија за сите претпријатија и основни и средни училишта во Куманово и колку ќе се потрошат со оглед на зголемените цени на енергенсите. Тие не го поддржаа предлогот на нивните колеги од опозицијата, СДСМ и ДУИ да се пренамнат средства од општинскиот буџет за финасирање на разликата на цената на струја и гас за потребите на затворениот градски базен.

Куманово, 20 јануари 2022 (МИА) – Мнозинството советници во Куманово денеска побараа детална анализа колку пари се предидени за трошоци за гас и електрична енергија за сите претпријатија и основни и средни училишта во Куманово и колку ќе се потрошат со оглед на зголемените цени на енергенсите. Тие не го поддржаа предлогот на нивните колеги од опозицијата, СДСМ и ДУИ да се пренамнат средства од општинскиот буџет за финасирање на разликата на цената на струја и гас за потребите на затворениот градски базен.
Дебатата ја водеа советникот на СДСМ Александар Јовановски и директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“ Даниел Стојчевски, кој кажа дека цените на струјата се менуваат на дневно ниво и дека поради зголемените цени на гасот и струјата можно е сметката за базенот да биде значително висока и да го доведе во ризик функционирањето на целото претпријатие.
Тој образложи дека сметките за струја минатиот декември биле до 300.000 денари, а за гас до 600.000 денари, меѓутоа со новите покачувања на овие два енергенси таа сметка би достигнала три милиони денари месечно и повтори дека не може да се компензира загубата како што тоа досега го правеле ЈП и општината.
– Проектирана цена на гас добивме известување пред Нова година дека согласно Регулаторната комисија за енергетика, оди од 25 на 80 денари што е трократно зголемување. Сега јавното претпријатие не е на слободен пазар и користи електрична енергија од ЕВН и ја утврдуваат цената на дневно ниво, што значи во тој ден струјата може да е поскапа и до 10 пати, што значи дека јавното претпријатие би требало да плати 1,5 милиони струја и исто толку за гас, што значи 3 милиони денари или 50.000 евра за енергенси, пет пати повеќе од претходните години, рече Стојчевски.
Советничката група на СДСМ побара разликата на цената да биде покриена со субвенции од буџетот на Општина Куманово.
– Како советничка група на СДСМ по однос на оваа точка предлагаме да се донесе заклучок да се трансферираат средства од Буџетот на Општина Куманово за разликата на цената на гасот со што ќе се овозможи граѓаните да го користат градскиот базен, рече Александар Јовановски.
Дебатата ескалираше околу тоа што е приритетно за граѓаните, дали функционирањето на базенот или покривање на средства за затоплување на училишта. ам/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close