Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Општина Крива Паланка ќе доделува по 3.000 денари за секое новороденче во 2022 година

На денешната седница на Советот на Општина Крива Паланка на која на дневен ред пред советниците се наоѓаат вкупно 54 точки, донесени се одлуки за силна поддршка на новороденчиња и првачиња од Крива Паланка.

Крива Паланка, 3 декември 2021 (МИА) – На денешната седница на Советот на Општина Крива Паланка на која на дневен ред пред советниците се наоѓаат вкупно 54 точки, донесени се одлуки за силна поддршка на новороденчиња и првачиња од Крива Паланка.

– На предлог на градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, меѓу другото,
беа усвоени одлуки за: доделување финасиски средства во висина од 3 000 денари за секое прваче запишано во учебната 2022/23 година, како и одлука за доделување финансиски средства во висина од 3 000 денари за секое новороденче во општина Крива Паланка што ќе се роди во текот на 2022 година, информира службата за комуникација со јавност на општината.

На денешната седница на дневен ред се и Програмата за работа на ЛУ „Градски музеј“ Крива Паланка за 2022 година, предлог – програми за активности на Општина Крива Паланка во областа на: образование, развој на информатичка технологија, спорт, културата и културни манифестации, локален економски развој, социјална, детска и здравствена заштита, соработка со здруженија на граѓани и фондации,  изградба, реконструкција и одржување на локалната водоводна и канализациона мрежа во Општина Крива Паланка, уредување градежно земјиште, изградба, реконструкција и одржување и заштита на локалната патна мрежа, за јавна чистота и подигнување и одржување на градското зеленило, уредување на сообраќајна сигнализација, активности на Општина Крива Паланка во областа на заштитата на животната средина во 2022 година и други. ид/мс/

Таг
Back to top button
Close
Close