Дописници МКДОпштински вести

Општина Крива Паланка објави повик за поставување штандови за претстојните фестивали

Општина Крива Паланка утврди локации за поставување штандови за претстојните фестивали и културни настани предвидени за втората половина од месецов, за што објавен е и повик до сите заинтересирани за поставување штандови на централниот градски плоштад.

Крива Паланка, 3 август 2022 (МИА) – Општина Крива Паланка утврди локации за поставување штандови за претстојните фестивали и културни настани предвидени за втората половина од месецов, за што објавен е и повик до сите заинтересирани за поставување штандови на централниот градски плоштад.

-По повод престојните празници во месец август 2022 година и планираните настани на градскиот плоштад во центарот на градот, одржување на фолклорен фестивал и „Joyfest”, ги известуваме сите правни субјекти заинтересирани за поставување штандови на претходно утврдени локации во центарот на градот согласно програмата за поставување урбана опрема за 2022 година. Повикот се однесува за периодот 27 и 28 август 2022 година, а барање се поднесува во претстојните пет дена во општината, за одобрување на некоја од дефинираните локации, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Потребно е да се поднесе барање до Одделението за урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина при Општина Крива Паланка, да се плати административна такса, како и да се достават пропишаните документи согласно повикот.

Корисниците на продажните штандови за храна потребно е да го имаат предвид Законот за безбедност на храната и да постапуваат согласно истиот. Повикот важи исклучиво за фирми со најмалку една година регистрирана угостителска дејност, а одредувањето на локацијата ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“. ид/рп/

Таг
Back to top button
Close
Close