Дописници МКДОпштински вести

Општина Кочани ќе субвенционира половина од цената на билетот за градски превоз на патници

Локалната самоуправа на Кочани ќе издвои 1,9 милиони денари од сопствениот буџет со кои ќе го субвенционира функционирањето на јавниот градски превоз на патници.

Кочани, 10 јануари 2022 (МИА) – Локалната самоуправа на Кочани ќе издвои 1,9 милиони денари од сопствениот буџет со кои ќе го субвенционира функционирањето на јавниот градски превоз на патници.

Средствата се наменети за период од две години и со нив ќе се покрива 50 отсто од цената на возниот билет, односно на секои 10 денари што ќе ги плати еден патник, Општината ќе му доплаќа уште толку на превозникот.

Во моментот тече јавниот повик за избор на давател на услугата, со оглед што договорот со досегашниот превозник веќе истекува. Во спецификацијата на постапката се определени линиите на кои ќе вози градскиот автобус, при што нема поголеми проемени во однос на досега утврдената траса. Тргнувањето е од населбата Оризари, преку месноста Бавчалук во Кочани, до зоната Лесна индустрија и обратно. Определени се шеесетина автобуски постојки, а од давателот на услугата се бара да го определи возниот ред. Притоа, обврска на превозникот е да има најмалку четири тргнувања дневно.

Линискиот градски превоз на патници во Кочани беше воведен пред осум години и со мали прекини и редуцирања поради ковид пандемијата, засега функционира без проблеми, а услугата ја обезбедуваа две транспортни компании.та/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close