Дописници МКДОпштински вести

Општина Кочани ги зголеми планираните трошоци за прскање против комарци

Над 2,5 милиони денари од сопствениот буџет планира да потроши Општина Кочани за прскање против комарци во текот на оваа година, што е зголемување за околу 15 отсто во споредба со претходната сезона.

Кочани, 27 јануари 2019 (МИА) – Над 2,5 милиони денари од сопствениот буџет планира да потроши Општина Кочани за прскање против комарци во текот на оваа година, што е зголемување за околу 15 отсто во споредба со претходната сезона.

Средствата се наменети за авионско прскање на површина од 5.100 хектари, што е за околу една третина повеќе од лани, како и за прскање од земја на површина од 900 хектари. Исто така, во периодот од март до јуни ќе се спроведе и ларвицидно запрашување по коритото на Кочанска Река и на локации каде има застојана вода.

-Парите за дезинсекцијата се обезбедени од општинскиот буџет, во согласност со годишната Програма за здравствена заштита на населението, а веќе тече рокот за јавната набавка за фирма што треба да ја изврши услугата. Избраниот оператор ќе треба да ги набави инсектицидот и ларвицидот што одобрени од Бирото за лекови и се дозволени за третман против комарците. Авионското и прскањето од земја ќе се реализираат во три различни временски етапи, пред почетокот и во текот на летниот период, додека ларцивидниот третман е во четири етапи, на површина од 24 хектари, истакнуваат од Одделението за јавни дејности во општина Кочани

Заедно со третманот против комарците, ќе се спроведе и рачна дезинсекција против крлежи, болви и други инсекти, за што се планирани пет прскања на површина од половина хектар.

Во зависност од временските услови во текот на пролетта, се планира првата етапа од третманот против комарците во Кочани да се реализира кон крајот на мај или на почетокот на јуни. та/мч/

 

та

Back to top button
Close
Close