Општински вестиСкопје

Општина Кисела Вода: Пензионерите задоволни од општинскиот проект за нивна грижа

Почнаа со работа негувателите на стари лица, кои се јавија на распишаниот оглас од Општина Кисела Вода. Тие секојдневно им помагаат на старите лица во извршување на обврските и активностите, но и се дружат со нив и им овозможуваат староста да не им биде пречка за нормално функционирање, информираат од општина Кисела Вода.

Скопје, 16 јануари 2022 (МИА) – Почнаа со работа негувателите на стари лица, кои се јавија на распишаниот оглас од Општина Кисела Вода. Тие секојдневно им помагаат на старите лица во извршување на обврските и активностите, но и се дружат со нив и им овозможуваат староста да не им биде пречка за нормално функционирање, информираат од општина Кисела Вода.

-Една од негувателките е и Дијана Мести, која се грижи за дедо Ѓорѓи. На огласот кој го распиша Општина Кисела Вода, се јавила веднаш, бидејќи веќе има вакво искуство, стекнато во Калифорнија, пред неколку години. По добивањето на лиценцата, веднаш почна со работниот ангажман. Таа го опиша дедо Ѓорѓи како ведар и разговорлив со кој веднаш почнале да се согласуваат. Во петокот, заеднички отидоа во Здравствениот дом, за тој да ја прими третата доза од вакцината. Му помагаше да стигне до таму, а со разговор го храбреше и за време на другите здравствени прегледи. Тој, пак, видно расположен, објасни дека во друштво, се е полесно и дека го чека потоплото време за да може заедно со Дијана да се шетаат во паркот Шопен, кој е во непосредна близина, но е недостижна дестинација кога човек е во години и нема придружба, известуваат од Општината.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оттаму истакнуваат дека и Дијана, како и останатите времено ангажирани негуватели на стари лица во рамки на проектот „Се грижиме за возрасните“, кој го спроведува Кисела Вода во финансиско партнерство со УНДП, биле невработени лица кои сега добиваат паричен надоместок.

-Најпрво им беше овозможена обука и можност да се стекнат со лиценца, а до мај, ќе имаат можност и да се стекнат со работно искуство. Во моментов, во Општина Кисела Вода тече нов оглас, за ангажирање на негуватели во детските градинки, повторно во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), соопштуваат од општина Кисела Вода.ир/мд/

 

Таг
Back to top button
Close
Close