Општински вестиСкопје

Општина Кисела Вода го завршува проектот за санирање на улиците во Пржино

-Се работи за обнова на патна инфраструктура во должина од над шест километри, односно над 12 илјади квадратни метри. Улици на кои никој не интервенирал децении наназад. Сериозен проект вреден преку 13 милиони денари кој е дел од градежната офанзива што и’ се случува на Општина Кисела Вода. Имено, во моментов, после само седум месеци од доаѓањето на новото раководство на Општината, се обновува патна инфраструктура во должина од над 14 километри, информираат од Општината.

Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) – Општина Кисела Вода го завршува проектот за санирање на сите улици во Пржино.

-Се работи за обнова на патна инфраструктура во должина од над шест километри, односно над 12 илјади квадратни метри. Улици на кои никој не интервенирал децении наназад. Сериозен проект вреден преку 13 милиони денари кој е дел од градежната офанзива што и се случува на Општина Кисела Вода. Имено, во моментов, после само седум месеци од доаѓањето на новото раководство на Општината, се обновува патна инфраструктура во должина од над 14 километри, информираат од Општината.

Инаку, на вчерашната роденденската прослава на Општина Кисела Вода на која започна и Културното лето имаше посетеност од околу 3500 луѓе во паркот „Македонија”. Вториот ден од роденденската прослава на Општината ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот на истата локација, во паркот „Македонија“. свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close