Дописници МКДОпштински вести

Општина Кавадарци нуди бесплатни оџачарски услуги за кавадарчани

Општина Кавадарци нуди бесплатни оџачарски услуги за кавадарчани, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.

Кавадарци, 8 јуни 2022 (МИА) – Општина Кавадарци нуди бесплатни оџачарски услуги за кавадарчани, информираа денеска од кавадаречката локална самоуправа.

-Како дел од активностите, кои се во насока на обезбедување поквалитетни услуги на своите жители, општината Кавадарци воведува оџачарска услуга, којaшто подразбира чистење и контрола на уредите за спроведување на чад, со што се овозможува нормално функционирање на оџаците, појаснија од општината.

Оттаму информираа дека оџачарските услуги ќе ги извршуваат стручно обучени и лиценцирани лица од велешка компанија.

-Оваа активност е од големо значење за жителите коишто грејната сезона ја поминуваат на дрва, пелети, јаглен или масло за домаќинството.

Со оглед на тоа што неисчистените оџаци не само што го загадуваат воздухот, туку се и потенцијална опасност за настанување на пожари, со воведување на оваа услуга, граѓаните не мораат сами да ги чистат оџаците, туку можат да ги користат услугите на стручно обучени и лиценцирани лица, соопштија од општината.

Oџачарските услуги ќе се вршат со пријавување на телефонски број во ЈП Комуналец, претпријатието има склучено договор со компанијата којашто ќе го врши чистењето на оџаците.

Чистењето на оџаците е бесплатно, а парите за таа намена се издвоени од буџетот на општина Кавадарци.свд/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close