Општински вестиСкопје

Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со цел поддршка на лицата со попреченост

Во рамки на одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден”, како и со здружението на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби „Боиме сино” од Општина Илинден.

Скопје, 3 декември 2021 (МИА) – Во рамки на одбележувањето на 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Општина Илинден потпиша Меморандум за соработка со хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден”, како и со здружението на граѓани за едукација, инклузија и ран третман на лица со посебни потреби „Боиме сино” од Општина Илинден.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски со претседателите на двете здруженија,  „Илинден” и  „Боиме сино” ,  Христина Јосимовска и Ана Марија Циглењак Симоновска.

-Целта на Меморандумот е воспоставување на соработка помеѓу локалната самоуправа и невладиниот сектор во однос на потребите на лицата со хендикеп, да се придонесе за повисок степен на инклузивност, намалување на ризикот од социјално исклучување во сверите на општественото делување како и овозможување на ран третман, рехабилитација, советување и помош при совладувањето со секојдневните предизвици на лицата со попреченост и нивните семејства, велат од Општина Илинден.

Според градоначалникот Георгиевски, социјалната заштита претставува основен императив на политиките на секоја општина, со цел создавање на услови на инклузивно и кохезивно општество преку унапредување на положбата на ранливите групи во локалниот контекс на заедницата. Континуитетот во насока на подобрување и унапредување на социјалната заштита претставува наша основна цел.

Во насока на одбележување на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во Дом на култура „Илинден” денеска со почеток од 16 часот, ќе се одржи хуманитарен базар под наслов „Купи со срце”, во организација на хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден”. сст/дма/

 

 

 

 

Општина Илинден

Одделение за поддршка на Градоначалникот

Back to top button
Close
Close