Дописници МКДОпштински вести

Општина Делчево се вклучува во проектот „Младите може да бидат слушнати“

Општина Делчево се вклучува во проектот „Младите може да бидат слушнати“. Проектот кој е во имплементација на Коалицијата на младински организации СЕГА има за цел да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.

Делчево, 17 август 2022 (МИА) – Општина Делчево се вклучува во проектот „Младите може да бидат слушнати“. Проектот кој е во имплементација на Коалицијата на младински организации СЕГА има за цел да се зголеми учеството на младите во процесите на донесување одлуки и во демократскиот живот на локално и национално ниво.

-Во рамки на проектот се одржа состанок, во чии рамки беа договорени планираните активности кои ќе се спроведуваат во наредниот период. Во таа насока се предвидуваат активности за Локалниот младински совет кој ќе биде задолжен да одржи локална дискусија и Инфо-ден со млади за идентификување на потребите на младите и прибирање младински иницијативи, информираа од Општина Делчево.

Како дел од проектот, како што додадоа, предвидена е и едукативна работилница со млади за промоција на Законот за младинско учество и младински политики.

-Претходно, градоначалникот Горан Трајковски и извршниот директор на Коалицијата, Зоран Илиевски, потпишаа Меморандум за соработка за спроведување  активности во рамки на проектот „Младите може да бидат слушнати“ (YOUth can be Heard). Проектот се спроведува во периодот од 1 март до 31 октомври 2022 година, додадоа од Општина Делчево.

Проектот е поддржан од ЕУ, во рамките на Ерзмус + Програмата преку Националната агенција за европски образовни програми. вс/вј/

Таг
Back to top button
Close
Close