Дописници МКДОпштински вести

Општина Дебрца се приклучи кон кампањата „Мојот данок, за мојата општина!“

Општина Дебрца се приклучи кон едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина!“, како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Охрид, 28 април 2022 (МИА) – Општина Дебрца се приклучи кон едукативната кампања „Мојот данок, за мојата општина!“, како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите.

Целта како што информира општинската прес-служба е информирање на јавноста дека плаќањето данок на имот е должност на секој граѓанин-даночен обврзник, но во исто време и придонес на поединецот за градење на подобра иднината на општината.

-Секој граѓанин – даночен обврзник треба да знае дека со навремено подмируваме на данокот на имот, го полни директно општинскиот буџет, преку кој се реализираат сите планирани јавни и инфраструктурни проекти. Со ова, едноставно кажано, секој од нас лично придонесува за развојот на општината, која во иднина ќе ја красат, нови градинки, нови игралишта, нови улици, нови училишта, ново осветлување, нови паркови, еколошки проекти, нови проекти за економски развој, соопшти Општина Дебрца.

Кампањата се очекува да придонесе кон навремено и прецизно информирање на даночните обврзници за сите права и обврски, како и правата и обврските на општината поврзани со данокот на имот.

– Доколку поседувате имот во одредена општина, тогаш автоматски сте даночни обврзници со законско право на даночно решение за вашиот имот, но, и законска обврска и лична должност за навремено подмирување на данокот, посочуваат од општината.сс/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close