Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Општина Градско од овој месец ќе овозможи бесплатен престој во градинка за 40 деца

Општина Градско од јануари ќе го финансира престојот во градинката „Кокичиња“ во Градско на 40 деца. За оваа цел изминатиот петок Општина Градско потпиша одлука со директорката на Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес односно Општина Градско ќе финансира и ќе им овозможи бесплатен престој на 40 деца, колку што моментално е капацитетот на оваа градинка, информира за МИА, Киро Нацков градоначалник на Општина Градско.

Велес,18 јануари 2022 (МИА) – Општина Градско од јануари ќе го финансира престојот во градинката „Кокичиња“ во Градско на 40 деца. За оваа цел изминатиот петок Општина Градско потпиша одлука со директорката на Детската градинка „Димче Мирчев“ од Велес односно Општина Градско ќе финансира и ќе им овозможи бесплатен престој на 40 деца, колку што моментално е капацитетот на оваа градинка, информира за МИА, Киро Нацков градоначалник на Општина Градско.

Инаку, градинката во Градско е во состав на велешките градинки ОУЈДГ  „Димче Мирчев“. За таа цел од годинашниот буџет се издвоени 720 илјади денари, појасни Нацков.

Нацков информира дека за оваа намена се издвоени средства од буџетот на Општина Градско, кој за оваа година вкупно изнесува 71 милион денари.

Тој најави дека е во преговори со градинката за зголемување на капацитетот за престој на 70 деца, што значи дека дополнително ќе финансираат бесплатен престој за уште 30 деца.

– Ова е еден вид на субвенционирање на нашите најмали –децата кои посетуваат градинка, а чии родители одат на работа или имаат потреба за престој на нивните деца во градинка. Оваа субвенција односно плаќање на нивните сметки за престој во градинка од јануари 2022 ќе биде на сметка на Општина Градско, како и набавката на флаширана вода за пиење, влажни марамчиња и останатите потреби за престој на децата во градинка, појасни Нацков.

Градоначалникот Нацков информира дека од 1 септември оваа година ќе има и бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение од Општина Градско, кои учат  во ООУ „Даме Груев“ во Градско.

– Ние како општина најголем акцент за трошење на општинскиот буџет годинава одлучивме да издвоиме за нашите деца, а потоа и за останатите инфраструктурни проекти, информира  Нацков.

Воедно наведе дека од годинашниот општински буџет од септември ќе субвенционираат односно ќе дадат стипендија за најдобриот основец, средношколец и најдобриот студент во Општина Градско. Другиот дел од годинашниот буџет на Општина Градско ќе биде наменет за повеќе инфраструктурни проекти во општината. ад/цр

Таг
Back to top button
Close
Close