Дописници МКДОпштински вести

Општина Гостивар потпиша договор за управување со отпад од картонска амбалажа

Локалната самоуправа и компанијата Алпак-еко потпишаа договор за организрано собирање на картонска амбалажа и подигање на свеста кај граѓаните за рециклирање на територијата на општина Гостивар.

Гостивар, 23 септември 2022 (МИА) – Локалната самоуправа и компанијата Алпак-еко потпишаа договор за организрано собирање на картонска амбалажа и подигање на свеста кај граѓаните за рециклирање на територијата на општина Гостивар.

Од општинската прес-служба информират дека со договорот, кој денеска го потпишал градоначалникот Арбен Таравари со „Алпак-еко“ од Скопје, се уредуваат обврските за управување со отпадот од амбалажата за пакување.

– Договорот предвидува одржување на предавања и обуки во основните училишта за подигање на свеста за селектирање и класификација на отпадот од пакувањата. Опфатени се и инвестиции во еколошката инфраструктура со поставување на контејнери за селекција на картонската амбалажа и создавање собирни пунктови и негова селекција, наведуваат од општина Гостивар.

Оттаму изразуваат надеж дека со овој проект ќе се олесни собирањето на картонската амбалажа, а граѓаните и трговските фирми во иднина на одредени места ќе го одложуваат овој вид на отпад и негово поефикасно рециклирање. згм/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close