Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Општина Велес со јавен повик до граѓанските организации за учество на нивни претставник како набљудувач во рамки на проектот ReLOaD2 за 2023

Општина Велес во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска објави Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамки на проектот ReLOaD2 за 2023 година во Општина Велес.

Велес, 24 ноември 2022 (МИА) – Општина Велес во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска објави Јавен повик за изразување интерес за учество на претставник од граѓанските организации како набљудувач во Комисијата за евалуација на предлог проекти во рамки на проектот ReLOaD2 за 2023 година во Општина Велес.

Од Општина Велес информираат дека Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е продолжение на првата фаза од проектот која се спроведе во периодот (2017-2020). Проектот е финансиран од  Европската унија (ЕУ), а се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

-Основна цел на проектот ReLOaD2 е јакнење на партнерствата меѓу општинските власти и граѓанското општество преку транспарентно финансирање на проекти на граѓански организации од општинските буџети, со цел поголемо граѓанско учество и учество на младите во носењето одлуки и подобрена испорака на услуги за граѓаните на Општина Велес, појаснуваат од Општина Велес.

Инаку,  проектот ReLOaD 2 работи со осум партнерски општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид на усвојување на транспарентен пристап за финансирање на проекти на граѓанските организации, со кои ќе се поттикне поголема граѓанска вклученост и вклученост на младите во процесот на донесување одлуки и ќе се подобрат услугите што се обезбедуваат на локално ниво. ад/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close