Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Општина Велес распиша конкурс за стипендирање телентирани ученици и студенти

За учебната 2022/ 2023 година, Општина Велес ќе додели 16 стипендии на талентирани ученици од втора, трета и четврта година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно, а се исплатува девет месеци во годината.

Велес, 24 ноември 2022 (МИА) – За учебната 2022/ 2023 година, Општина Велес ќе додели 16 стипендии на талентирани ученици од втора, трета и четврта година во средно образование. Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно, а се исплатува девет месеци во годината.

Општина Велес ќе додели и 16 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува девет месеци во годината.

Средствата за стипендиите се обезбедени од средства од буџетот на општина Велес и донации од Жито Маркети и Агриа -Агроиндустриска групација ДООЕЛ Велес.

Конкурсот е објавен денеска и трае до 2 декември. Пријавувањето е во Општина Велес или електронски на страната https://euslugi.veles.gov.mk/
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Р.С. Македонија. ад/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close