Дописници МКДОпштински вести

Општина Боговиње набави механизација со германска помош

Со финансиска поддршка на германската амбасада Општина Боговиње набави трактор со приколка.

Тетово, 24 јануари 2022 (МИА) – Со финансиска поддршка на германската амбасада, Општина Боговиње набави трактор со приколка.

-Градоначалникот на Боговиње Бесник Емшиу  денес го прими германскиот амбасадор Ото Граф, на кого во име на општината му се заблагодари за финансиската поддршка што германската амбасада ја дава на нашата општина. Оваа помош изнесува 500 илјади денари и беа искористени за набавка на трактор со приколка кој ЈКП „Шари“ ќе го користи за давање најквалитетна услуга на жителите на општина Боговиње, информираат од Општината.

Во петокот општината набави и две возила за собирање смет од домаќинствата. ас/мч/

Back to top button
Close
Close