Дописници МКДОпштински вести

Општина Битола ќе почне постапка за изработка на нов Генерален урбанистички план

Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг-Битола, формирано од локалната самоуправа за потребите на Општина Битола, утврди програма за работа во 2022 година со која се очекува почеток на постапката за изработка на нов Генерален урбанистички план.

Битола, 26 јануари 2022 (МИА) – Јавното претпријатие за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг-Битола, формирано од локалната самоуправа за потребите на Општина Битола, утврди програма за работа во 2022 година со која се очекува почеток на постапката за изработка на нов Генерален урбанистички план.

Главна активност во тековната година ќе да биде нацрт фазата за изработка на Генерален урбанистички план (ГУП) со документациска основа и нацрт план, а ќе бидат реализирани и други активности од надлежност на претпријатието.

Во 2022 година ќе се работи на Детални урбанистички планови, Урбанистички планови вон населено место, Урбанистички планови за село, изработка на основни за нискоградба и високоградба, сообраќајни проекти, конзерваторски проекти и елаборати за заштита на животната средина и здравјето на луѓето.

Според финансискиот план на ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг-Битола, во тековната година ќе бидат потрошени 9,5 милиони денари. мт/хс/

Back to top button
Close
Close