Дописници МКДОпштински вести

Општина Битола изврши исплата за проектите на невладини организации и работата на спортски клубови

Општина Битола ја заврши исплатата на 1.170.000 денари кон здруженијата кои аплицираа на јавните повици објавени од општината во јуни годинава. Со потпишувањето на исплатата на средствата од страна на градоначалникот Тони Коњановски, поддржани се проектите од преостанатите 25 здруженија на граѓани во вредност од 490.000 денари, а со 680.000 денари поддржани се спортските здруженија, кои ги немаа добиено одобрените средства.

Битола, 26 ноември 2021 (МИА) – Општина Битола ја заврши исплатата на 1.170.000 денари кон здруженијата кои аплицираа на јавните повици објавени од општината во јуни годинава.
Со потпишувањето на исплатата на средствата од страна на градоначалникот Тони Коњановски, поддржани се проектите од преостанатите 25 здруженија на граѓани во вредност од 490.000 денари, а со 680.000 денари поддржани се спортските здруженија, кои ги немаа добиено одобрените средства.

-Јавните повици за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на здруженија на граѓани и фондации, спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2021 година, беа објавени во јуни, а финансиските средства беа доделени од страна на комисијата за финансии и буџет од претходниот состав на општинскиот Совет врз основа на исполнетоста на критериумите од соодветниот јавен повик. Средствата кон дел од здруженијата беа исплатени во август, а со завршувањето на сегашната исплата, овозможен е еднаквен пристап кон сите здруженија, без селективност во изборот, согласно донесената одлука од надлежните комисии, информираа од секторот за односи со јавност на тамошната локална самоуправа.

Од Општина Битола соопштија дека денеска градоначалникот Тони Коњановски, како редовна пракса во своето работење воведува отворен ден за граѓаните, што е во насока и на реализација на активностите предвидени со неговата програма.

-Првиот отворен ден ќе се одржи денеска од 13 часот. Отворените денови предвидено е да бидат застапени четири пати годишно и ќе се организираат како денови во кои градоначалникот и надлежните служби од локалната самоуправа, ќе имаат директни средби со граѓаните, соопштија од Општина Битола. мт/рп/

Back to top button
Close
Close