Дописници МКДОпштински вести

Општина Битола воведува Отворен ден на градоначалникот со граѓаните

Општина Битола од овој петок во своето работење ќе реализира Отворен ден на градоначалникот Тони Коњановски со граѓаните.

Битола, 24 ноември 2021 (МИА) – Општина Битола од овој петок во своето работење ќе реализира Отворен ден на градоначалникот Тони Коњановски со граѓаните.

Од тамошната локална самоуправа информираат дека цел на директните средби се да се согледаат сите потреби, приоритети и идеи на граѓаните од Општина Битола и во насока и на реализација на активностите предвидени со програмата на градоначалникот Коњановски.

-Првиот отворен ден, ќе се одржи в петок, од 13.00 часот. Заради успешно спроведување на мерките за заштита од КОВИД-19, заинтересираните граѓани, своето присуство на отворениот ден потребно е да го најават до четврток до 13.00 часот. За да може да се евидентираат сите предлози и идеи, достапен е образец – барање кое  граѓаните можат да го пополнат електронски или со симнување од јавно достапен линк и да го достават на отворениот ден. Отворените денови, предвидено е да бидат застапени четири пати годишно и истите ќе се организираат како денови во кои градоначалникот и надлежните служби од локалната самоуправа, ќе имаат директни средби со граѓаните, соопштија од Општина Битола. мт/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close