Дописници МКДОпштински вести

Општина Битола вклучена во проект за партнерство со граѓанските организации

Општина Битола од денеска е вклучена во проект чија основна цел е зацврстување на партнерството меѓу општините и граѓанските организации низ транспарентно доделување финансиски средства за проектни активности во корист на локалното насление.

Битола, 20 септември 2021 (МИА) – Општина Битола од денеска е вклучена во проект чија основна цел е зацврстување на партнерството меѓу општините и граѓанските организации низ транспарентно доделување финансиски средства за проектни активности во корист на локалното насление.
Официјалниот почеток на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 е означен на денешното потпишување Меморандум за разбирање и реалиазација на проект од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и со финансиска поддршка од Европската Унија.
-Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска денеска го потпиша Меморандумот со што Општина Битола официјално е една од општините во кои во периодот до 2024 година ќе се реализира овој проект. Планираните активности вклучуваат обуки за општинската администрација, финансиска поддршка на проекти од јавен интерес аплицирани од граѓанските организации, како и тренинзи за зајакнување на нивните капацитети и знаења за подготовка на проектна документација. Согласно проектната рамка, планирано е да се поддржат над 40 проекти во вкупна вредност од 900.000 евра, од кои директен бенефит ќе имаат речиси 8.000 граѓани, информираа од секторот за односи со јавност на Општина Битола.
Во проектот, освен Општина Битола вклучени се и општините Куманово, Гостивар, Охрид, Велес, Гевгелија, Кочани и Крива Паланка. мт/мд/

Back to top button
Close
Close