Дописници МКДОпштински вести

Општина Берово во партнерство со УСАИД ќе ги зајакнува капацитетите за управување со јавните финансии

Општина Берово во партнерство со УСАИД ќе ги зајакнува општинските капацитети за искористување на ресурсите за управување со јавните финансии. За таа цел потпишан е меморандум кој, како што информираа од општината, има за цел зголемена посветеност кон унапредување на капацитетот на општината и администрацијата во повеќе области.

Берово, 19 август 2022 (МИА) – Општина Берово во партнерство со УСАИД ќе ги зајакнува општинските капацитети за искористување на ресурсите за управување со јавните финансии.

За таа цел потпишан е меморандум кој, како што информираа од општината, има за цел зголемена посветеност кон унапредување на капацитетот на општината и администрацијата во повеќе области.

-Целта е преку проектот на УСАИД да постигнеме поголема ефикасност во извршувањето на Буџетот и поголема фискална транспарентност. Во таа насока, очекуваме да се зголеми управувањето со општинските јавни финансии, планирањето и извршувањето на Буџетот, фискалната транспарентност и отчетност, планирањето и прибирање на приходи од сопствени извори и пристапот до надворешно финансирање овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор, истакнаа од Општината.

Во изминатиот период во насока на зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, Општина Берово направи анализа и само-оценка на општинските капацитети. Целта е да се идентификува каква техничката помош и е потребна на општината за да се унапреди во извршување на своите надлежности.

-Согласно само-оценката и идентификуваните потреби, Општина Берово во партнерство со Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, во наредниот 18-месечен период интензивно ќе работи и на унапредување на своите перформанси со цел да овозможи зголемени приходи од сопствени извори, остварени поголеми приходи од надворешно финансирање, поголема ефикасност во извршувањето на буџетот и вклучување на приватниот сектор во локалниот економски развој, информираа од Општината.

Главната цел на проектот е мерливо зголемување на сопствените извори за финансирање, како и надворешно финансирање на локалната самоуправа и зголемување на нивото на реализација на Буџетот. вс/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close