Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Општа болница Кавадарци доби апарат за компјутеризирана томографија

Општа болница Кавадарци доби апарат за компјутеризирана томографија, информираа попладнево од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.

Кавадарци, 24 ноември 2021 (МИА) – Општа болница Кавадарци доби апарат за компјутеризирана томографија, информираа попладнево од оваа јавна здравствена установа со проширена дејност.

– Апаратот е еден од најсофистицираните томографи што постои на пазарот. Тој е во вредност од 400.000 евра и е донација од ЕУ. Во понатамошниот период следи постапка за соодветна адаптација на просторот. Паралелно, ќе се одвива и едукација на медицинскиот персонал од нашиот рентген оддел на Институтот за радиологија во Скопје, соопштија  од болницата.

Изразуваат надеж дека целиот овој процес ќе биде завршен во  оптимален временски рок, во кој КТ апаратот ќе биде ставен во функција.

– Со тоа, ќе ја постигнеме крајната цел, а тоа е дека оваа многу важна дијагностичка постапка биде достапна на сите граѓани од нашиот Тиквешки регион, нагласија од Болницата. свд/цр

Таг
Back to top button
Close
Close