БалканСвет.Слајдер

Опозицијата во Република Српска поднесе барање за пребројување на гласовите за претседател на РС

Лидерите на опозициските партии денеска до Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) во Сараево поднесоа барање за пребројување на гласовите од неделните избори за претседател на Република Српска. бидејќи велат дека утврдиле стотици неправилности во врска со повеќе од 65.000 гласови.

Бања Лука, 5 октомври 2022 (МИА) – Лидерите на опозициските партии денеска до Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина (ЦИК) во Сараево поднесоа барање за пребројување на гласовите од неделните избори за претседател на Република Српска. бидејќи велат дека утврдиле стотици неправилности во врска со повеќе од 65.000 гласови.

– Тие 65.000 гласови, според нас, се злоупотребени и се прекршување на изборната волја на граѓаните, изјави претседателот на Партијата за демократски напредок (ПДП), Бранислав Бореновиќ.

Тој смета дека разликата е неверојатна, од речиси илјадници гласови за еден кандидат во Добој, Зворник и Приједор, што е во целосна спротивност со првичните резултати кои дојдоа од тие градови.

Бореновиќ изјави дека речиси 10.000 гласови добиле кандидати кои се целосно непознати за граѓаните. Во трката за претседател на РС имаше 31 кандидат

Кандидатката на опозицијата за претседател на РС, Јелена Тривиќ, изјави дека процесот на броење гласови во текот на изборната ноќ, на бројни избирачки места, бил „еднаков на воена состојба“ и додаде: „Видовме што се случи во Добој, и тоа е само едно видео, каде насилниците упаднале и физички напаѓаат набљудувач кој не се повлекол“.

Тривиќ посочи дека опозицијата ќе инсистира се да се провери до крај, не за, како што наведе, таа да биде претседателка на РС, туку да се утврди вистината и оние кои ја украле изборната волја на граѓаните да биде кривично гонет. ссм/

Back to top button
Close
Close