КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Опера „Дрдорењата на Лапо“ во НОБ по повод 700 години од смртта на Данте Алигиери

По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет на 19 ноември со почеток од 20 часот ќе се изведе операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино.

Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) – По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет на 19 ноември со почеток од 20 часот ќе се изведе операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино.

Операта е посветена на Данте Алигиери и на неговиот пријател кој исто така е врвен поет и значаен човек. Тие биле современици, биле пријатели и имале улога во политичкиот живот, а таа нивна политичка определеност понатаму ќе предивика и нивно разделување. Дејствието се случува во Фиренца каде живееле и твореле.

Операта е истовремено традиционална и современа. Традиционална бидејќи обработува теми и настани од време кое се случило пред 700 години, но современа бидејќи тие теми и денеска се актуелни, се работи за заплети поврзани со пријателството, политиката и предавството.

На денешната прес-конференција по повод изведбата на операта „Дрдорењата на Лапо“ беше истакнато дека јазикот употребен во оваа опера е архаичен јазик и се зборувал во тоа време, но модернизиран. Додека пак, музиката исто така, е доста комплексна, односно се работи за музика која менува повеќе регистри за брзо време следејќи го на тој начин и дејствието помеѓу двајцата протагонисти.

Според композиторот Џо Скитино музиката ги обединува луѓето и генерира култура, љубов и мир, а тоа како што посочи се многу важни елементи во музиката.

 

-Благодарен сум што Македонија му посветува големо внимание на Данте, операта ја компонирав за време на пандемијата и ја направив така да може да биде изведена со намален состав на оркестарот и со малку  изведувачи, но со максимален ефект. Тие малкумина изведувачи постигнуваат многу разновидни аспекти. Се работи за комплексно дело кое бара вируозност, не е составена од поединечни песни, туку е еден контиинуирана целина во која се менуваат атмосферите од конфликтни до комични , изјави Скитино.

Директорот на Националата опера и балет Васо Ристов пак, потенцира дека делото за првпат ќе биде изведено надвор од границите на Република Италија.

-Културната соработка е правилен избор кој може да го направи една установа по иницијатива на амбасадорот на Република Италија во Северна Македонија. Националната опера и балет со големо задоволство ја прифати соработката за заедничка реализација на операта која е чин со кој  одбележуваме битен светски јубилеј, 700 години од смртта на големиот поет Данте Алигиери како национална установа честа е уште поголема за реализација на дело кое за првпат ќе биде презентирано и изведено надвор од границите на Република Италија за првпат пред македонската публика. Реализацијата на овој проект е од заеднички интерес со цел промовирање, јакнење и збогатување на добрите односи во полето на културата меѓу двете земји, заклучи Ристов.

Претставникот на Италијанската амбасада во државава соопшти дека операта е последен настан од низата настани посветени на неделата на италијанскиот јазик во светот.

Светска премиера, надвор од границите на Италија, на операта „Дрдорењата на Лапо“ посветена на Данте Алигиери, ќе биде под диригентската палка на Иван Еминовиќ, во изведба на тенорот Благој Нацоски (Данте), баритонот Џанпјеро Руџери (Лапо), хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев.свс/дма/

Таг
Back to top button
Close
Close