Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Опаѓа нивото на реката Треска

По рекордните 170 сантиметри измерени кај мостот во Македонски Брод вчера претпладне, нивото на реката Треска утринава е намалено на кота од 130 сантиметри.

Кичево, 1 декември 2021 (МИА) – По рекордните 170 сантиметри измерени кај мостот во Македонски Брод вчера претпладне, нивото на реката Треска утринава е намалено на кота од 130 сантиметри.

– Слабите врнежи од снег присутни во регионот во текот на вчерашниот ден, не придонесоа нивото на Треска и понатаму да расте или да остане на рекордните 170 сантиметри, бидејќи од ноќеска нивото на најголемата притока на Вардар е во опаѓање и во текот на денешното претпладне е спуштено на кота 130, колку што беа измерени и пред два дена, рече Миле Стојкоски од РЦУК Македонски Брод.

Тој посочи дека деновиве се очекува понатамошно намалување на нивото на реката Треска, бидејќи не се најавуваат пообилни врнежи од дожд или снег.

– За очекување е нивото на река Треска и натаму да опаѓа , бидејќи прогнозите на метеоролозите не најавуваат нови поинтензивни врнежи од дожд или снег. Со намалувањето на нивото на Треска се очекува да почне да се повлекува водата од поплавените површини и постепено состојбата да се врати на периодот пред поплавите- додава Стојкоски и појасни дека сообраќајот во општината се одвива по влажни коловози но без застои и до сите селски населби  патиштата се продни, бидејќи снежната покривка речиси целосно се стопи. за/цр

 

Таг
Back to top button
Close
Close