ОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Олимпискиот комитет ќе го претстави македонскиот тим кој ќе настапи на ЗОИ Пекинг 2022

Македонскиот состав на Зимските олимписки игри (ЗОИ) од 4 до 20 февруари во Пекинг ќе го сочинуваат Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада.

Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) – Олимпискиот комитет на Северна Македонија денеска од 12 часот во прес-центарот на Комитетот ќе одржи прес-конференција на која ќе биде претставен македонскиот олимписки тим кој ќе настапи на претстојните Олимписки игри во Пекинг 2022 година.

Македонскиот состав на Зимските олимписки игри (ЗОИ) од 4 до 20 февруари во Пекинг ќе го сочинуваат Ана Цветановска, Дардан Дехари и Ставре Јада.

Цветановска ќе настапи 5 и 10 февруари, во крос канти во дисциплините 7,5 километри слободно плус 7,5 километри скијатлон, како и 10 километри класично.

Јада своите настапи ќе ги има на 8 и 19 февруари, во крос кантри во дисциплините спринт слободно 1,5 километри и 50 километри слободно, додека Дехари ќе настапи во слалом на 13 февруари и во велеслалом на 16 февруари.

Македонското знаме на церемонијата на отворање на ЗОИ ќе го носат Цветановска и Дехари.

Олимписката делегација ќе замине за Пекинг на 29 јануари, а ќе ја предводи спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски. ег/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close