0_Спорт.ПорталСпорт

КРЕС ја презентира програмата за 2022 година, цели – Надминување на родовиот јаз и едукација за родовата еднаквост во спортот

Надминување на родовиот јаз, подигање на свеста и едукација за родовата еднаквост,се дел од најважните цели на програмата и планот за работа за 2022 година на Комисијата за родова еднаквост во спортот (КРЕС), која беше презентирана на денешната прес-конференција во Спортскиот центар Јане Сандански.

Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) – Надминување на родовиот јаз, подигање на свеста и едукација за родовата еднаквост,се дел од најважните цели на програмата и планот за работа за 2022 година на Комисијата за родова еднаквост во спортот (КРЕС), која беше презентирана на денешната прес-конференција во Спортскиот центар Јане Сандански.

На презентацијата учествуваа Даниел Димевски-претседател на ОКСМ, Силвија Митевска-претседателката на КРЕС, Гордана Нацева, потпретседателка на КРЕС и останатите членови од Комисијата.

Целта на програмата и заложбата на комисијата е да се отстранат бариерите кои според членовите ги спречуваат жените и девојките подеднакво да учествуваат во спортот.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Република Северна Македонија Даниел Димевски истакна дека програмата ќе постигне позитивни резултати, а претседателката на КРЕС Силвана Митевска ја нагласи важноста на заложбата за надминување на родовиот јаз и унапредувањето на еднаквоста во спортот.

-Ние пред се ќе имаме консултатива улога со цел да имаме родово еднакви политики. Заеднички да покажеме дека олимписките комитет е позитивен пример како еден спортски субјект треба да се раководи според прашањето на родова еднаквост и еднаков третман, рече Митевска.

Додаде дека Комисијата во наредниот период ќе се залага за родова рамноправност во сите сегменти од спортот во согласност со Стратегијата за родова еднаквост во спортот при Интернационалниот олимписки комитет.

-Тоа е документ кој што содржи 25 препораки и многу конкретни програмски активности и иницијативи како треба да се унапреди родовата еднаквост во олимпиското движење, иако еднаквоста во спортската арена и на спортскиот терен е од суштинско значење, сепак тоа не е доволно за вистинска еднаквост во спортот, оттаму наши приоритети ќе биде зголемување на членството на жените во сите аспекти на спортот, појасни Митевска.

На прес-конференицијата беше истакнато дека програмата на Комисијата за родова еднаквост за 2022 година ќе подразбира и воспоставување стратешки механизми  за зајакнување на родовата еднаквост во олимпиското движење. Ова, како што вели Митевска, подразбира поголема родова застапеност во процесите на креирање политики, подигање на свеста, едукација за родова еднаквост, родово еднакви политики во спортските организации, обезбедување на еднакви буџети наменети за женскиот спорт, како и борба против стереотипи и родови норми кои според неа го ограничуваат потенцијалот на жените во спортот.

Нацева, потпретседателка на КРЕС, информира дека дополнително едни од главните приоритети во работењето ќе бидат зголемување на учеството на девојки, спортистки во олимписките и неолимписките спортови, зајакнување на спортистките и жени вклучени во спортскиот сектор преку учество на сите обуки за професионална надградба и лидерски вештини.

– Спортот е една од најмоќните платформи за зајакнување на жените и девојките и промоцијата на родовата еднаквост, затоа планираме преку програмата за промоција на олимписките вредности, а таргет група се млади девојки да ги мотивираме да бидат активни во спортот, рече Нацева.

Потенцира дека спортот треба да биде безбедна средина и за таа цел една од заложбите ќе биде креирање на безбеден спорт и воспоставување прописи за етика и заштита од родово базирано насилство во спортот, а тие заложби како што информира Нацева ќе се однесуваат на изработка на прирачници, поголемо вреднување на позитивните примери на женските спортистки, кампањи и јавни настани каде говорници ќе бидат жени спортистки.

-Потребна е промена во сите спортови и во сите институции кои се занимаваат со спортот во поглед на родовата еднакост, еве чист пример ако дојдете на еден пливачки натпревар во Македонија многу лесно ќе забалежите, статистиката сама ќе ви покаже дека имате многу малку женски партиципантки, таа раазлика мора да ја подобриме во однос на женската популација да ја изедначиме, тоа е она што оваа комисија ќе се обиде да го направи да го изедначи јазот кој реално постои во секој спорт, се надоврза Наташа Мешковска, професор на Факултетот за физичко образование.

Од друга страна, професор Ленче Алексовска Величковска се осврна на одредени традиционалните верувања како појави во општеството кои според неа имаат негативно влијание.

-Жените се упорни, жените се храбри меѓутоа, многу малку се вклучени, потребно е да нема поделба помеѓу машки и женски улоги, знаете традиционално девојчињата се во кујната, а машките играат фудбал, ние сакаме да пркосиме на сето тоа, заклучи таа.

Митевска информира дека програмата предвидува и настани на кои ќе се слушне гласот на спортистките во помалите градови, а истовремено ќе бидат едуцирани и од нив ќе се земат примери за надградба на програмата. свс/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close