БизнисДописници МКДОпштински вести

Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година

Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година. Директорката, Весела Честоева појасни за МИА дека се работи за домашни и странски гости на кои кавадаречкиот музеј им беше на агендата за посета и покрај пандемијата од Ковид-19.

Кавадарци, 14 јануари 2022 (МИА) – Околу 4.500 посетители го посетија Вински музеј Кавадарци минатата година. Директорката, Весела Честоева појасни за МИА дека се работи за домашни и странски гости на кои кавадаречкиот музеј им беше на агендата за посета и покрај пандемијата од Ковид-19.
– Постоиме околу година и половина и бројот на реквизити кои се дел од музејската поставка, постојано расте. Сите тие се сведоци за историјата, културата и традицијата на лозаровинарството на овие простори, кое има долгогодишна традиција, нагласи Честоева.
Директорката рече дека музејот предизвикува интерес и покрај пандемијата и во неговиот двор, во градскиот парк, како и дека со почитување на ковид мерките, се одржуваат бројни манифестации посветени на грозјето и производите од грозје.
Таа ги повика сите оние коишто поседуваат алати и садови кои се користеле во лозарството и винарството низ годините, немаат каде да ги чуваат и сакаат да бидат видени во иднина, да ги отстапат на музејот и да бидат достапни до пошироката јавност како културно наследство.свд/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close