Посетете ја новата веб страна на МИА
Дописници МКДОпштински вести

Од утре ќе биде стопиран сообраќајот на дел од велешката улица „Киро Ќучук“

Општина Велес со ангажирање на фирма утре  ќе започне изградбата на потпорен ѕид на улица „Киро Ќучук“ на куќен број 61 во Велес. Со изградбата на ѕидот ќе се создадат услови за реконструкција на дел од улицата, на потегот од раскрсницата со улица „Белградска“ до објект  со број 63 на улицата „Киро Ќучук“, во должина од околу 135 метри, информираат од Општина Велес.

Велес, 6 декември 2022 (МИА) – Општина Велес со ангажирање на фирма утре  ќе започне изградбата на потпорен ѕид на улица „Киро Ќучук“ на куќен број 61 во Велес. Со изградбата на ѕидот ќе се создадат услови за реконструкција на дел од улицата, на потегот од раскрсницата со улица „Белградска“ до објект  со број 63 на улицата „Киро Ќучук“, во должина од околу 135 метри, информираат од Општина Велес.

– Поради условите на терен, тесна улица, како и поради користење и ангажирање на градежна механизација-машина и транспортно средство, сообраќајот на дел од улицата ќе биде стопиран, појаснуваат од Општина Велес.

Тие како алтернативни траси за сообраќај  на граѓаните  им ги  препорачуваат улиците  „Петре Милевски“, „Славе Ефтовски“, „Стеван Бобев“ до спој со улицата „Тодор Јанев“.

Додаваат дека на местото на изведувањето на градежните работи ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

-Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација во интерес на безбедно и непречено изведување на градежните работи и безбедно одвивање на сообраќајот,потенцираат од општината. ад/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close