0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Од силниот ветер во Тетово дрво падна над паркирани автомобили

Силниот ветер што попладнево неколку часа дуваше во Тетово  скрши дрво кое падна врз неколку возила на булеварот „Благоја Тоска“ во близина на поранешната стоковна куќа „Тетовчанка“. Дрвото е паднато врз паркирани автомобили, а според првичните информации нема повредени луѓе.

Тетово, 2 јули 2022 (МИА) – Силниот ветер што попладнево неколку часа дуваше во Тетово  скрши дрво кое падна врз неколку возила на булеварот „Благоја Тоска“ во близина на поранешната стоковна куќа „Тетовчанка“. Дрвото е паднато врз паркирани автомобили, а според првичните информации нема повредени луѓе.

По дојава во нашата служба, веднаш излеговме на терен каде утврдивме дека силниот ветар соборил дрво кое паднало врз два автомобила. За среќа, во тој момент немало никого во близината па нема повредени лица, туку е направена само материјална штета. Нашата екипа заедно со екипата на ЈКП Тетово веднаш се зафативме со отстранување на паднатото дрво за да се овозможи непречено минување на возилата по улицата, изјави Авни Амети, командир на Противпожарната единица од Тетово.

Додека траеше интервенцијата за сечење и отстранување на паднатото дрво, полицијата го пренасочуваше сообраќајот на булеварот. ас/хс/

Back to top button
Close
Close