0_Македонија.ПорталОпштествоХроникаХроника.Портал

Од почетокот на годинава во ОЈО Скопје се примени 11 224 предмети

Од почетокот на годината во ОЈО Скопје се примени 11 224 предмети, од кои пријавени кривични дела се 3 183. Најголем дел од кривичните дела се во областа на јавниот сообраќај – 1 056, потоа кривични дела против имот – 838 и 315 против животот и телото, каде влегуваат и семејно насилство, тешки телесни повреди и полов напад.

Скопје, 5 октомври 2022 (МИА) – Од почетокот на годината во ОЈО Скопје се примени 11 224 предмети, од кои пријавени кривични дела се 3 183. Најголем дел од кривичните дела се во областа на јавниот сообраќај – 1 056, потоа кривични дела против имот – 838 и 315 против животот и телото, каде влегуваат и семејно насилство, тешки телесни повреди и полов напад.

Како што информираат на денешниот брифинг во ОЈО Скопје, останатите дела се под уписникот Р.О. – од анонимни пријавувачи или каде нема доволно дејствија на извршување – 2 358, како К.Д.Н. – дневни настани за кои е задолжено МВР да не известува има 3 650 и против непознат сторител има 2 033.

Од ОЈО Скопје велат дека се бележи тенденција на зголемување на бројот на пријави за семејно насилство и тешки телесни повреди, што можеби веќе станува и социолошки феномен.

Годинава, како што информираат, има и 13 кривични пријави за сторени кривични дела за загадување на животната средина. аа/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close