0_Инфопакет.ПорталВерски календарИнфопакет

Од верските календари

6 октомври 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 септември. Денеска е Зачнување на свети Јован Крстител.

6 октомври 2022 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 септември.

Денеска е Зачнување на свети Јован Крстител.

Иако сите христијански празници се со повеќеслојно значење, овој е еден од посебните во тој поглед. Денеска црквата ја слави милоста Божја што им даде син на старите родители на свети Јован, Захарија и Елисавета. Го слави и чудото што се зачна плод во утробата на Елисавета. Ја слави и мудроста Божја, бидејќи Јован беше оној што го истапка патот за целосното богојавување во реалната историска личност на Исус Христос. Црквата го слави свети Јован Претеча и Крстител во неколку прилики, зашто тој е граничниот камен на Стариот и Новиот завет и, како што рековме, почеток на целосното објавување на Бога како Света Тројца на празникот Богојавление, меѓу народот познат како Водици.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Бруно.

Роден е во 1030 година во Келн, во текот на школувањето стекнал добро познавање на природните науки и теологијата. На 26-годишна возраст станува предавач по теологија во Келн. Како професор, тој ги воодушевува своите студенти меѓу кои и идниот папа Урбан Втори. Двапати му е предложено да биде бискуп, но Бруно повеќе сака да живее аскетски калуѓерски живот. Подоцна се повлекол во осаменост и го формирал калуѓерскиот ред наречен Картузујански, а калуѓерите од тој ред картузијанци. Тие живеат одвоено од светот во своите ќелии, работејќи и молејќи се за луѓето.

###

Back to top button
Close
Close