0_Инфопакет.ПорталВерски календарИнфопакет

Од верските календари

30 септември 2022 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември. Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

30 септември 2022 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 17 септември.

Денеска е Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија.

Во својот богослужбен циклус, Црквата на овој ден се сеќава на животот и мачеништвото на четири римјанки Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија. Овие четири христоподобни души беа приведени од римските власти за време на прогоните на императорот Хадријан, во првата половина на вториот век по Христа. Заради исповедањето на Христа и одбивањето да принесат жртви пред празниот идол на Артемида, Вера, Надеж и Љубов беа ставени на маки пред очите на нивната мајка и најпосле им беа отсечени главите. Софија ги зеде и ги закопа телата на своите три ќерки и откако помина три дена и ноќи во молитва над нивниот гроб, го предаде својот дух на Бога.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Јероним.

Роден е околу 345 година по Христос, во Стридон, во Далмација. Образованието го завршил во Милано и Рим, а бил надарен за јазици. Престојувал во Сирија каде го научил хебрејскиот јазик. Стариот и Новиот завет ги превел на латински јазик на кој зборувале луѓето кои живееле во западното Римско царство. Тој превод на Библијата е многу значаен и е насловен како Вулгата. Свети Јероним не само што го превел Светото писмо, туку и живеел свето и изпоснички според неговите закони. Позната е неговата мисла “Кој не го познава Светото писмо, не го познава Исус Христос”.

###

Back to top button
Close
Close