Верски календар

Од верските календари

27 ноември 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 ноември. Денеска е Св. апостол Филип и св. Григориј Палама.

27 ноември 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 14 ноември.

Денеска е Св. апостол Филип и св. Григориј Палама.

Апостол Филип беше родум од Витсаида, крај Галилејското Езеро. Тој проповедаше во разни делови од Азија и во Грција. Беше распнат од незнабошците во фригискиот град Ерапол, за време на Дометијан, во 86 година. Подоцна моштите му се пренесени во Рим. Денес, Црквата го слави и свети Григориј Палама, прво светогорски монах, а потоа солунски архиепископ. Се слави и во втората недела од Великиот пост. Против калабриецот Варлаам го бранеше и го одбрани мистичното искуство на реалното единство со Бога. Се успокои мирно во 1360 година. Моштите му се наоѓаат во Солун, во црквата што го носи неговото име.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Виргилиј, бискуп во Салцбург.

По потекло е Ирец. Во 743 година го напуштил родниот остров поради љубовта кон Исус и ја започнал патувачката мисија по европските земји. Го ширел Евангелието во Баварската, Корушката, Штаерската област и во Панонија. Виргилиј како културен човек, бил еден од најдобрите учени луѓе. Многу ја познавал математиката, па го нарекувале “геометром”. Посебно му се молат студентите.

###

Back to top button
Close
Close