Верски календар

Од верските календари

22 ноември 2021 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 ноември. Денеска е Преподобен Јован Колов.

22 ноември 2021 (МИА)

ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 ноември.

Денеска е Преподобен Јован Колов.

Покрај преподобна Матрона и свештеномаченик Онисифор, Црквата денес го слави и Јован Колов. Тој е еден од најголемите египетски подвижници од првите векови. За него е доволно да се каже следново. Јован Колов отишол во пустината кај некој тивејски старец и останал кај него. Старецот го насадил својот сув стап и му рекол: Полевај го секој ден со една кофа вода, дури не даде плод. А водата била толку далеку, што Јован тргнувал одвечер, а се враќал наутро. После три години, стапот оживеал и дал плод. Старецот го набрал плодот, го однел в црква, и им рекол на браќата: Земете, јадете од плодот на послушноста.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР

Денеска е Св. Сесилија.

Живеела во третиот век. Таа е една од најзначајните личности на раното христијанство. Според легендата, Сесилија секој ден одела на миса на папата Урбан. Била осудена на смрт поради верувањето во Христос и поради одлуката да биде девица. Таа во христијанскиот свет е најсовршен пример на христијанска жена која поради верувањето во Христос живеела девствено и во мачеништво. Сесилија е заштитничка на песната бидејќи умрела пеејќи.

###

Back to top button
Close
Close