Општински вестиСкопје

Одржана конститутивна седница на Партиципативното тело за урбанизам на Општина Кисела Вода

Кирил Димчески е избран за в.д. претседател и Дарко Чекеровски за в.д. заменик претседател на оваа тело.

Скопје, 18 март 2022 (МИА) – Партиципативното тело од областа на урбанизмот кое го иницираше Општина Кисела Вода вчера попладне ја одржа својата прва, конститутивна седница. Кирил Димчески е избран за в.д. претседател, а Дарко Чекеровски за в.д. заменик претседател на оваа тело, бидејќи, како што информираат од општинската прес-служба, Деловникот донесен од претходното раководство на Општина Кисела Вода, предвидува лицата кои ќе раководат со Партиципативното тело да бидат од редовите на комисијата за урбанизам.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласи дека тоа значи директна помош во трансформацијата на општината во модерна и транспарентна, по мерка на граѓаните.

– Како застапници на мислењето и ставовите на жителите на овој дел од градот, силно верувам дека активно ќе учествувате со иницијативи, насоки и сугестии при изготвувањето на планските решенија на урбанистичките планови, што се надевам, ќе овозможи заеднички да го промениме и подобриме ликот на Кисела Вода. Впрочем, со вашето учество во ова новоформирано Партиципативно тело, и самите сте дел од процесот на трансформација – од она што го затекнавме-во Општина по мерка на граѓаните во која транспарентно се работи исклучиво во интерес на жителите, рече Ѓорѓиевски и посочи дека во работата и одлуките на ова тело тој нема да се меша.

Како што информираат од општинската прес-служба, на оваа прва седница беа избрани само вршители на должност на позициите претседател и заменик претседател, бидејќи Деловникот донесен од претходното раководство на Општина Кисела Вода, предвидува лицата кои ќе раководат со Партиципативното тело да бидат од редовите на комисијата за урбанизам.

Како што посочуваат, советникот на градоначалникот за прашања од урбанизмот од Кисела Вода, Славе Трпевски, дал предлог кој беше усвоен, веќе оформеното Партиципативно тeло да достави предлог до Советот на Општина Кисела Вода за промена на Деловникот и донесување на одлука и претседателот и неговиот заменик да бидат од редот на граѓаните, се вели во соопштението на општината. фф/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close