0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Одредени Ковид протоколите за новата сезона во АБА 2 лигата

Раководството на АБА2 лигата денеска ги утврди ковид-протоколите што ќе бидат на сила за претстојната сезона, во која македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе се обидат да изборат пласман меѓу елитата во регионалното клупско натпреварување.

Скопје, 22 септември 2021 (МИА) – Раководството на АБА2 лигата денеска ги утврди ковид-протоколите што ќе бидат на сила за претстојната сезона, во која македонските екипи МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе се обидат да изборат пласман меѓу елитата во регионалното клупско натпреварување.

Како што е соопштено, дефинирани се три сценарија за одложување на натпревар во новата сезона.

Натпревар може да се одложи во случај на ограничувања што произлегуваат од одлуките на државните епидемиолошки органи, во случај тимот да има помалку од осум играчи на располагање поради инфекција со коронавирус или да остане без комплетен стручен штаб.

Првиот АБА2 „балон“ ќе се одигра на Златибор од 10 до 14 октомври. ег/дма/

Back to top button
Close
Close