0_Спорт.ПорталСпортФудбал

Односите на Меси и Пике се влошија поради платата во Барселона

Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси е разочаран од постапките на поранешниот соиграч Жерар Пике, кој одби да ја намали платата за Аргентинецот да има можност да остане во каталонскиот клуб, изјави новинарот Луис Канут во програмата „Onze на TV3“.

Барселона, 27 јануари 2022 (МИА) – Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси е разочаран од постапките на поранешниот соиграч Жерар Пике, кој одби да ја намали платата за Аргентинецот да има можност да остане во каталонскиот клуб, изјави новинарот Луис Канут во програмата „Onze на TV3“.

– Последното продолжување на договорот на Пике го повреди Меси, тој е разочаран. Се чувствува изневерено. Пике не го продолжи договорот додека Меси не ја напушти Барса. Според мислењето на Меси, тој можеше порано да го обнови договорот за да се обиде да го спречи неговото заминување, изјави Канут.

Триесет и четиригодишниот Аргентинец се пресели во ПСЖ од Барселона во летото 2021 година како слободен играч. Тој не можеше да остане во каталонскиот клуб поради финансиските проблеми на Барселона. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close