Локални избори 2021Политички партии

„Одлучно за промени“ со садење дрвa ќе им се заблагодари на кумановци за поддршката на изборите

Куманово, 22 октомври 2021 (МИА) – Движењето „Одлучно за промени“ утре во атар на село Орашац организираа акција за садење на дрвја на која ќе засадат над 1000 садници, информираше на денешната прес-конференција, неодамнешната кандидатката за градоначалник од движењето Теодора Димитровска. На овој начин, движењето поддржано од ЛДП и ДОМ сака да покаже дека секој глас значи.

– Движењето „Одлучно за промени“ ќе посади онолку дрвја колку што добивме гласови. Програмите се само лист хартија, доколку не бидат исполнети и реализирани, така што како движење одлучивме да го исполниме она што граѓаните го дадоа-нивната доверба. Ќе засадиме над 1.000 дрвја колку што добивме јас како кандидат за градоначалник и листата на советници-изјави Димитровска.

Таа ги повика кандидатите кои останаа во трката и останатите кои не влегоа во вториот изборен круг гласовите да ги преточат во подобрување на животната средина, подобрување на квалитетот на животот на кумановци.

– Да го следат нашиот пример и да садат дрвја. Она што ние ќе го направиме утре е да покажеме дека и после изборите да останеме на ставот, да го градиме градот онаков во каков што сакаме да живееме-рече Димитровска.ам/

Back to top button
Close
Close