Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Одложено судското рочиште меѓу штипски „Бетон“ и грчки „Интеркат“

„Бетон“ побарува пари за извршените градежни работи на новата Клиничка болница во Штип. Овој судски предмет е повторно пред првостепениот суд, откако Врховниот суд го врати назад.

Штип, 3 декември 2021 (МИА) – Судското рочиште меѓу штипската  градежна компнаија „Бетон“ и грчката „Итеркат“, што беше закажано за денеска е одложено за на 24 декември, информираат од Основниот суд во Штип.

„Бетон“ побарува пари за извршените градежни работи на новата Клиничка болница во Штип. Овој судски предмет е повторно пред првостепениот суд, откако Врховниот суд го врати назад.

Основниот суд во Штип лани донесе одлука и за блокирање на сметката на грчката компанија, а штипски Бетон во два наврати побара и стечај, овој предмет е во Граѓанскиот суд во Скопје.

– Пред Основниот граѓански суд Скопје поднесени се две барања за покренување стечајна постапка од страна на Бетон АД Штип против ПСТД Интраком Констракшнс – Интеркат. И во двата наврати барањето е одбиено. Едното решение станално правосилно во ноември лани, другото во февраури годинава, се вели во писмениот одговор на Основниот граѓански суд во Скопје.

Од епилогот на судските рочишта ќе зависи и понатамошната изградба на новата зграда на Клиничка болница-Штип.

Минатиот месец Банката за развој на Советот на Европа најави повлекување од проектот, токму поради бавната динамика на изградба. Министерствата за здравство и за финансии сега бараат дополнителни 14 милиони евра. Болницата требаше да биде изградено до 2019 година, а во современиот-дијагностички центар здравствена услога да добиваат над 250.000 жители. вдј/цр

Таг
Back to top button
Close
Close