Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Одложена премиерата на претставата „Ако останеш дома“ во Центарот за култура во Кичево

Драмската претстава „Ако останеш дома“ по текст на унгарскиот драматург Карој Сакони, која требаше да се изведе вечер во 19 часот во Центарот за култура во Кичево е одложена, поради автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски патници, а нејзиното премиерно претставување ќе се случи кон средината на идниот месец, најави актерот и режисер на претставата, Михајло Петрески.

Кичево, 26 ноември 2021 (МИА) – Драмската претстава „Ако останеш дома“ по текст на унгарскиот драматург Карој Сакони, која требаше да се изведе вечер во 19 часот во Центарот за култура во Кичево е одложена, поради автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски патници, а нејзиното премиерно претставување ќе се случи кон средината на идниот месец, најави актерот и режисер на претставата, Михајло Петрески.

-Иако пред две недели за вечерва 26 ноември го најавивме премиерното прикажување на драмската претстава„ Ако останеш дома“ од унгарскиот автор Карој Сакони, сепак поради добро познатите причини и големата несреќа што се случи во Бугарија со голем број човечки жртви, одлучивме  да ја откажеме планираната премиера и ако нешто непредвидено не се случи во наредниот период,тогаш планираме  кон средината на месец декември  премиерно да ја изведеме најавената драмска претстава-истакна Петрески и потсети дека улогите во оваа претстава ќе ги играаат режисерот Петрски и  за прв пат Виолета Петкоска.

Инаку  оваа драмска претстава финансиски е подржана од Министерството за култура со 50000 денари и истата треба да се одржи според протоколите за заштита од ковид 19.

Како што посочи Петрески, тие повеќе од два месеци интензивно ја подготвуваат оваа драмска претстава, која ќе биде и единствената што ја подготвиле драмските аматери од Кичево за годинава.за/лв/

Back to top button
Close
Close